еМагазин
Македонија

Сите што се пријавени ќе бидат вакцинирани до 15 јули, вели Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека сите пријавени граѓани на vakcinacija.mk ќе бидат вакцинирани до 15 јули.

Тој додаде дека списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

Денеска се очекуваат 100.000 вакцини од „Фајзер“ кои ќе бидат распределени во големите центри за имунизација. Кинеските вакцини „Синовак“ пак, кои ќе пристигнат во недела во 500.000 дози, и ќе бидат распределени во малите и големите центри.

Министерот за здравство најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација, во оној момен кога ќе се истрошат термините со пријавени.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кежаровски: Во затворот во Шутка цените на телефоните скокаат и до 1.000 евра кога престојуваат политичари

Редакција

Најнови податоци од ДИК: „За“ гласале 520.461 лица, а „против“ 32.801 лица

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник“

Редакција