еМагазин
Image default
Локално

Скопјанец произведувал и дистрибуирал детска порнографија

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до OЈО Скопје поднесе кривична пријава против И.П. (36) од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – “производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а предвидено и казниво според КЗ на РСМ, информира МВР.

Пријавениот, според документираните сознанија од истрагата, преку неговиот компјутер прибавил детска порнографија во форма на фотографии и видео запис, при што истата ја зачувал на локалниот диск на компјутерот, со што сторил кривично дело – “производство  и дистрибуција на детска порнографија“.

Имено, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика постапувајќи по своите надлежности кои се однесуваат на истраги за сексуална злоупотреба на деца преку интернет, користејќи официјален пристап до базата на сервисот (Child Online Protection Service) – ICACCOPS (Internet Crimes Against Children Child Online Protection Service), вршејќи редовно набљудување на базата и нејзините корисници регистрира сомнителна активност од корисници со македонски ИП адреси.

Со оглед дека користената база дава можност за преглед на содржината на електронските материјали (слики, видео и сл.) кои се разменуваат од страна на корисниците во истата, беше направена проверка на фајловите кои се прегледувани од страна на корисниците со споменатите македонски ИП адреси.

Притоа констатирано е дека од страна на корисник преземен е електронски материјал (фајл), како и други фотографии кои претставуваат компромитирачки материјал каде е прикажана сексуална злоупотреба на малолетно лице.

Со наредба издадена од Јавен Обвинител при ОЈО – Скопје, побарано е од интернет провајдерот доставување на комплетни податоци за корисникот на  ИП адресата и по претходно обезбедена судска Наредба за претрес на дом издадена од Судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кај сега веќе пријавениот при што е пронајдена компјутерската опрема за која постојат основи на сомнение дека преку истата е извршено кривично дело, а беа запленети и огромен број на слики и видеа во склоп на компјутерската опрема.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Тетово најден избеган затвореник осуден за убиство

Редакција

Полицаец повреден при боево гаѓање на полигон во штипско

Редакција

Две лица тепале возач на ЈСП во автобус пред ТЦ Бисер

Редакција