еМагазин
Локално

Скопјанец со метална прачка го удрил соседот по глава

На 07.10.2018 година околу 12,30 часот во Скопје на улица „Брсјачка буна“ додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата, информира МВР.

Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Им се заканувала дека ќе ги запали во дом за бездомници

Редакција

За четири часа откриени седум комби превозници без лиценци за јавен превоз во Тетово

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје во категоријата „бутици“

Редакција