еМагазин
Image default
Локално

Скопјани пијат здрава вода за пиење

Скопјани пијат здрава вода за пиење, покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

– Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 до 7 август 2020 зема 146 примероци за физичко-хемиска и 146 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 39 мерни места во град Скопје.

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопштија од претпријатието.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Му фрлил бомба во домот во Драчево: Оштетени „Ауди“, „Рено“ и „Голф“

Редакција

Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

Редакција

Скопјанка пријавила дека сосед физички ги нападнал нејзините деца

Редакција