еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски „Водовод и канализација“ за девет месеци со добивка од 79,2 милиони денари

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година, информираат од таму.

Добивката од редовното работење од 1 јануари до 30 септември 2021 година изнесува 79.286.643 денари.

-Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79.286.643 денари за првите девет месеци од 2021 година доаѓа како одраз на домаќинското работење во изминатиот период, стратешко планирање на инвестициите насочени кон подобрување и унапредување на работните процеси, како и вкупната делотворност на претпријатието.

Тоа исто така е одраз и на професионалниот пристап и деталната финансиска анализа и план за приходите и расходите на претпријатието, изјави генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основачот на Hart.mk, Драган Јаневски, го посети седиштето на Pininfarina Segno во Равена

Редакција

Лани скопјанка имала најголем доход, највисока плата имал стружанец, а тетовец имал најголем доход од игри на среќа

Редакција

НЛБ Банка ќе дели дивиденда

Редакција