еМагазин
Image default
Забава

Славенички концерт на „Синтезис“: 25 години чувари на македонската традиција

Баги комуникации го најавува славеничкиот концерт на групата Синтезис по повод нивниот 25 годишен јубилеј од артистичката кариера, што ќе се одржи на 23 септември, на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), со почеток во 20 часот.

Специјални гости на коцертот ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.

„Нашата најпозната и најплодна етно група Синтезис во изминативе 25 години имаат одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Синтезис се најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и ширум светот.

Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи.

Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и Бистрик,“ информира организаторот.

Генерален спонзор на концертот е долгогодишниот подржувач на Синтезис, Комерцијална Банка АД Скопје, а концертот е подржан и од Министерството за култура и Град Скопје.

Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време  на пандемија од Ковид-19  а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Есенско издание на „Скопје синема сити“

Редакција

(Видео) Еден „куп“ нови бебиња во Зоолошката градина: Се родија кенгурче, пони, мини-прасиња…

Редакција

Почина актерот Лук Пери или Дилан од серијата „Беверли хилс“, по кој сите бевме „луди“

Редакција