еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Следен чекор е карантин, ако новите мерки не дадат резултат, најави Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека верува оти новиот најавен пакет на мерки, рестрикција, зголемување на ингеренциите на инспекторатите и апелот до граѓаните да се придржуваат до мерките, ќе даде резултат и оти следниот чекор е карантин, што се надева дека ќе биде избегнато.

-Следниот чекор е целосен карантин, се уште сме далеку, но можно е, рече Филипче.

За новиот пакет мерки, тој вели ќе се разговара уште викендов, а дека редовната седница на Влада е закажана за вторник.

-Овие рестриктивни мерки кои сега се веќе донесени од Владата, има еден пакет што ќе биде предложен на следната владина седница е форма на рестрикција којашто би била дека растот на нови случаи што е тренд насекаде во регионот, и во Европа, ќе гледаме некако да го запреме, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од „8 Септември“ заминува главниот инфектолог, отказ дала и докторка од Инфективна

Нема место за хоспитализација на пациенти со Ковид-19 во Куманово, Струмица и Велес, ограничени капацитетие и во Скопје

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kомплетно политичко скршнување од тезите, вели Мицкоски за можното коалицирање на Алијанса со власта

Редакција

Плашејќи се од Ковид-19, заборавивме на здравјето: И од дебелина се умира

Редакција

Притвор за двајца учесници во вооружената престрелка во Куманово

Редакција