еМагазин
Image default
Свет

Службеник на американската Амбасада фатен со бомба на аеродром во Москва

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека гранатата која била пронајдена на московскиот аеродром Шереметјево во багажот на вработен во американската Амбасада не била опасна.

– Запознаени сме со инцидентот кој се случи вчера на аеродромот Шереметјево во Москва во кој учествувал службеник на американската Амбасада, рекол портпарол на Стејт департментот.

Тој потврди дека „ситуацијата е решена“ и оти на човекот му било дозволено да ја напушти Русија откако властите му го одземале предметот.

– Патниците не биле во опасност, заклучи тој.

Службеник во американската Амбасада во Москва вчера се обидел да влезе во аеродромот Шереметјево носејќи бомба со осигурувач во багажот, но без експлозив.

– Аеродромскиот персонал го скенирал багажот на службеникот во Амбасадата на САД и откриле предмет кој изгледал како бомба, изјави извор од руското Министерство за надворешни работи.

Потоа биле повикани техничари кои потврдиле дека е бомба со осигурувач но без експлозив, иако во телото на бомбата имало траги од експлозив.

Аеродромската полиција веднаш ја известила американската Амбасада за инцидентот.

Службеникот изјавил дека си заминува од Русија затоа што му завршил мандатот во американската Амбасада и тврдел дека бомбата ја купил за своја лична колекција. Бомбата му била одземена, а тој заминал за Њујорк.

МИА/Фото: Global Look Press/www.rbth.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Нов Зеланд прв смртен случај по примена Фајзер вакцина

Редакција

Се повеќе помлади од 40 години на интензивна нега во Бразил поради коронавирусот

Редакција

Русија од Украина бара да не се брани, да стане неутрална, Крим да биде руски и да ја признае независноста на Доњецк и Луганск

Редакција