еМагазин
Image default
Убава приказна

Снежанка и Киро Синадиноски 20 години згрижуваат деца, растеле шест

Во селото Долни Манастирец, кај Македонски Брод, во домот на Снежанка и Киро љубов и топлина добиле шест дечиња без родителска грижа, пишува deca.mk.

Од нив четири се посвоени, а во моментов се грижат за 26-годишна девојка со попреченост и за девојченце кое треба да тргне на училиште.

– Ја запишавме на училиште. Ако не биде посвоена, ќе си оди тука кај нас на школо. Многу е бистра и мила – вели Снежанка и додава:

Пред 20 години наша комшивка згрижи детенце и го чуваше осум месеци. Многу се зближивме. Го оставаше кај нас да го причуваме, синот и ќерката си играа со него иако веќе не беа деца… Го засакавме и ние него, и тоа нас. Тогаш, прекрасното девојченце, а сега возрасна девојка, беше клучно да се решиме и ние да згрижиме дете. Не погрешивме. Сега ни еден ден не би можеле ако нема дете дома.

Целата приказна прочитајте ја ОВДЕ.

извор и фото: deca.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во новата година сум #скрозјас: dm Македонија лансираше нова корпоративна кампања што ја слави уникатноста на секој од нас

Редакција

Стопанска комора на Македонија-Турција, МАТТО, ја одбележа десетогодишнината од своето основање

Редакција

Девет години „еМагазин“: Останавме независен медиум, кој е пазарно ориентиран и кој пласира проверени и точни информации

Редакција