Уште една потврда дека во Македонија наскоро се можни избори се вчерашните аудио снимки за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и осудениот во „Рекет“, Зоран Милески-Кичеец, кои беа објавени на Јутјуб каналот Facts and Figures.
Тие на снимките разговараат за соработка за изборите во Западна Македонија и се направени пред претседателските избори во април лани, кога и се одржаа локални избори во Охрид.
И двајцата ја потврдија автентичноста на снимките, а за Мицкоски објавувањето на „бомбите“ е “потег на очај и деликатна емотивна состојба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев“, а во истите како што вели нема доказ за криминал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за „бомбите“: Ова е потег на очај и деликатна емотивна состојба на Заев
Во март годинава, кога се очекуваше предвремените парламентарни избори да се одржат во април, на Јутјуб беа објавени аудио снимки за соопартиецот на Мицкоски, Антонио Милошоски.
Милошоски тогаш изјави дека истите се направени од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) во 2011 година, кога оваа институција ја водеше поранешниот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.
Јавноста не дозна кој стоеше зад овие снимки, но и за тие кои претходно Милошоски ги пушти во македонското Собрание и на прес конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а беа за Заев.
Милошоски снимките за Заев ги предаде во Јавното обвинителство, и изјави дека истите ги добил од укажувач, а рече и дека не поседува други снимки.
Зад снимките кои пак беа објавени за него, Милошоски тврдеше дека стои Заев и му порача дека ќе „го отвори како пупка“.
Заев пак негираше дека стои зад овие снимки.
Аудио снимките, или популарно наречени “бомби“ во Македонија веќе со години се главното орудие за политички, но и бизнис пресметки.
Се започна во 2015 година кога истите почна да ги објавува тогашниот лидер на опозицијата, Заев, а по него се појави плејада на други “објавувачи“ од Никола Тесла до U6e Big.
Јавноста никогаш не дознаа кои се „објавувачите“, освен кој стои позади прекраот Ел Чека, кој самиот и се престави на јавноста. Тој „заработи“ условна казна, која не ја почитуваше и продолжи со објавувањето на нови снимки.
Јавноста не дозна официјално и кој тоа прислушувал над 20.000 граѓани, бидејќи предметите на поранешното Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои ја третираат таа проблематика се уште немаат завршница.
Според СЈО зад прислушувањето стои УБК.
Тоа што кој ќе стигне објавува „бомби“ доволно покажува колку се ерозирани македонските институции, кои треба да го спречат овој тренд, кој и носи сериозна штета на државата, но и дека материјали стекнати на нелегален начин со прислушување на телефонски разговори или на друг начин поседуваат многу различни структури, кои без проблем за свои цели, а не за доброто на граѓаните, истите ќе ги објавуваат и во иднина.
Така да нема биде никакво изненадување, посебно сега да се појават и нови „објавувачи“ и да слушаме нови и нови “бомби“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(АУДИО) Објавени „бомби“ за Мицкоски и Кичеец
“Корона“ изборите се поизвесни, прашањето е дали ќе бидат во јуни или јули
Тешко нас: Од вонредна состојба во изборна кампања