еМагазин
Локално

Со фалсификувани 4.500 евра си купил „бмв“

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(45) од тетовска Шипковица и Б.Е.(48) од тетовска Долна Лешница поради основи на сомнение дека сториле кривично дело “фалсификување пари“ (член 268, став 2 од Кривичниот законик).

Пријавениот И.А се сомничи дека во септември минатата година од Б.Е. купил патничко моторно возило „бмв“ и му платил со фалсификувани 4.500 евра, а Б.Е иако знаел дека се фалсификувани банкнотите, не ги пријавил и во неколку наврати се обидел да ги пушти во промет.

МИА/Фото: Photo by Lena Balk on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Воз удри во автомобил кај Велес: Тешко повреден малолетник

Редакција

Хероин, кокаин, марихуана: МВР во лов на дилери во Гостивар

Редакција

Билет за едно возење со автобус низ Тетово ќе чини 20 денари, бесплатно за лицата со попреченост

Редакција