Со геомеханички испитувања на почвата за изградба на автопатот Тетово-Гостивар, денеска стартуваше изградбата на коридорот 8.
Паралелно со овој процес ќе се прави и проектирање, подготвување на елаборати за експропријација на земјиштето и мобилизацијата на градба, изјави директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.
Кога ќе биде експроприрана дел од трасата и ќе заврши проектирање ќе се почне со градбата.
Овие 110 километри автопатишта треба да бидат завршени за 4 години и 7 месеци.
Автопатот го гради американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.
Постоечкиот автопат Гостивар-Тетово ќе се сруши и се планира да се прави нов автопат со по три ленти во еден правец и уште толку во другиот правец.
Фото: Груби/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.