еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со изложба на дизајни се отвора фестивалот „Европски приказни“

Денес, со почеток од 20 часот во Јавна соба, со изложба на дизајни од едицијата „Европски приказни“ започнува фестивалот посветен на најдоброто од европската литература што го организира Издавачкиот центар ТРИ.

Едицијата од десет врвни книжевни дела, покрај одличната содржина и превод, за првпат вклучува и активна соработка со креативната заедница во Македонија. По покана на ТРИ, познати имиња од домашната сцена се вклучија во изработка на оригинални графички решенија на кориците на делата од оваа едиција.

Иницијативата на ТРИ има намера да ја поттикне соработката меѓу издавачите и дизајнерската заедница во нашата земја и да ја истакне важната улога на ликовно-графичките решенија во создавањето уникатен и атрактивен производ.

Настанот е отворен за сите љубители на книгите и на уметноста, а ќе биде збогатен со музички перформанс и коктел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ана Котевска од Скопје освои златен медал на интернационалната Олимпијада по германски јазик

Редакција

На претстижниот саем ISM 2020 во Келн, „Витаминка“ се претставува осма година по ред

Редакција

Проф. д-р Ванчо Чифлиганец по вторпат добитник на 6-то Ноемвриска награда од Општина Радовиш

Редакција