еМагазин
Image default
Македонија

Со изведување на докази од одбраната продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Со изведување докази од одбраната, во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк.

На претходното рочиште, на предлог на одбраната сведочеа д-р Зора Митиќ, вешто лице психијатар и д-р Соња Ефтимова, специјалист по психологија, кои ја анализираа психолошката состојба на Анџело Ѓоргиевски, еден од обвинетите во процесот.

Митиќ посочи дека Ѓоргиевски имал лузни на десната рака, со која му го задава првиот удар на Тот и според неа, мускулатурата на овој екстремитет му е слаба, што би значело и дека ударот бил слаб.

На судењето сведочеше и Сања Ефтимовска – специјалист по медицинска психологија, која го опиша Ѓоргиевски како лице кое е пасивно во стресни ситуации.

– Се работи за личност со здраво разумско логично размислување со сочуван тест на реалноста и способност за компензирано однесување. Во стресни и фрустрациони ситуации, луѓето различно реагираат.

Се виде дека Анџело е склон кон пасивизација, пие и лекови, а доминираат симптоми од невротски тип, состојба во која некој се повлекува, некој напаѓа. Тој е од тие типови кои пасивизираат, рече Ефтимова.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот ракометарот Денис Тот.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе го најдат ли утре Груевски судските службеници

Силвана Жежова

(Мапа) Во кои градови во Македонија има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

За првпат пациенти со Ковид-19 на Инфективно во Прилеп се лекуваат со конвалесцентна плазма

Редакција