На 31.01.2021 во 15.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, полициски службеници ги лишиле од слобода Л.А.(46) и Н.А.(46), двајцата од Скопје, Л.Д.(22) од Кавадарци, Б.М.(21), С.М.(22) и Б.К.(24), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, информира МВР.
„На 29.01.2021, при извршени проверки било утврдено дека нивните ПЦР тестови не биле издадени од соодветна клиника. Одземени биле вкупно шест ПЦР тестови на нивно име, шест мобилни телефони, како и нивните патни исправи со потврда за привремено одземени предмети.
Заедно со одземените предмети тие биле предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, соопшти МВР.