еМагазин
Локално

Со нож и чекан сакал да се пресмета со сопственик на играчница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Ш.(39) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница, информира МВР.

На 01.06.2018 година околу 22.30 часот во објект за забавни игри во Гостивар пријавениот го нарушувал јавниот ред и мир, по што од сопственикот бил отстранет од објектот. По ова пријавениот се вратил во објектот и со нож и чекан се обидел физички да го нападне сопственикот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наставничка физички нападнала колешка во училиште Кавадарци

Редакција

Нападнат и ограбен вработен во ланец казина

Редакција

Со нож прободен ученик од средното училиште „Арсениј Јовков“

Редакција