еМагазин
Image default
Локално

Со „пасат“ удрил во бетонски ѕид и во возило на МВР: Повредени три лица

На 03.06.2020 во 08.00 часот било пријавено дека во с.Сарај патничко возило „фолксваген пасат“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од Скопје, удрило во бетонски ѕид и во патничко возило „сеат алтеа“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР, а управувано од Ф.Р.(35) од Скопје, информира МВР.

Во незгодата Ф.Р. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од истото возило Е.Д.(23) се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Возачот И.Б. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тепале Швајцарец на градскиот базен во Виница

Редакција

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско, бидејќи не го почитувал работно време

Редакција

Кривична за лицата кои пукаа кон двајца арачиновци

Редакција