еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со Spinning® сесија и Slackline натпревар во одржување баланс викендов во спортска атмосфера се одржа HFWE #5  

Со насмевка и во спортски дух, викендов се вртеше велосипед и се одеше на лента на петтиот по ред „Health, Fitness & Wellness Expo“ кој се одржа во „Работнички“, Градски Парк.

Единствениот Spinning® центар во Македонија, „Спорт Инн“ во соработка со институтот „Џанго“ и здружението „Стопли срце“ за луѓето од ранлива категорија покажаа дека сите заедно може да спортуваат преку нивната Spinning® програма, часот беше насловен како „Spin it like it’s hot“.

„Во соработка со институт „Џанго“ сакавме да покажеме дека во општеството сите сме еднакви, а различни. Дефинитивно во спортот нема граници. Ние сме отворени за сите и со настанот дадовме пример како е да се дружите сите заедно и да вежбате преку Spinning® програмата“, вели Искра Китанчева од „Спорт Инн“.

Вториот ден „Спорт Инн“ го посветија на slackline натпреварот во одржување на баланс на лента, дисциплина која е светски хит и се користи за забава, вежбање и одржување рамнотежа на своето тело.

„Let’s get physical беше натпревар за сите посетители за кои немавме поставена возрасна граница, бидејќи сите треба да ја почувствуваат возбудата од одење на Slackline лента. Победи најдобриот кој успеа да одржи рамнотежа дури 15 секунди на лентата, што навидум изгледа лесно, но треба добра концентрација и конекција помеѓу телото и умот“, додаде Виктор Бојаџиев од „Спорт Инн“.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шопинг со предности во мрежа која секојдневно расте

Редакција

(Фото) Бимилк и ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола со забава и дружење по повод свеченото отворање на детската креативна патека во Битола

Редакција

Алкалоид потпиша нов меморандум за соработка за програмата за практиканство со уште два факултети при УКИМ

Редакција