еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со „Виз ер“ летале пет милиони патници од Македонија

„Виз ер“, водечката авиокомпанија во Македонија и една од најбрзо растечките превозници во Европа, слави пет милиони превезени патници со нивните ниско-буџетни рути од Македонија

„Виз ер“ ја истакна својата посветеност на македонските корисници преку проширување на мрежата со ниски цени и создавајќи повеќе поволни можности за патување од аеродромите во Скопје и Охрид, кои во моментов нудат 30 рути во 14 земји.

„Во изминативе седум, години, од самиот почеток работејќи во Македонија, „Виз ер“ стана водечка авиокомпанија во земјата и ја стекна довербата и лојалноста на пет милиони патници што се превезуваат од 2011 година низ целата земја со постојано инвестирање во локални операции и обезбедување на пристапни цени и можности за патување.

Нашата македонска флота со седиште во Скопје се состои од 2 авиони Airbus 321 и 2 Airbus A320, што претставува инвестиција од над 430 милиони долари ⃰. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 150 локални членови, а според индустриските стандарди работата на WIZZ овозможи повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година“, велат од компанијата.

Годинава авиокомпанијата го зголеми капацитетот на седишта со замена на два авиони Airbus A320 од локалната флота со два нови авиони Airbus A321 и објави нова линија од Охрид до Виена, стартувајќи во ноември.

Во 2018 година, „Виз ер“ нуди над 1,5 милиони продадени седишта на Македонски рути со цени од само 599 денари /9,99 евра. Капацитетот на седишта на „Виз ер“ се зголемува за 19% од година во година, што дополнително придонесува за економијата на земјата и го стимулира пазарот на труд во воздухопловните и туристичките сектори.

„Пресреќни сме што денес славиме голема пресвртница заедно со нашите македонски патници, што превезовме 5 милиони патници на нискубуџетната „Виз ер“ мрежa од Скопје и Охрид. Во изминатите 7 години им понудивме на нашите македонски патници нови можности да откријат 28 дестинации низ цела Европа, обезбедувајќи навистина ниски цени и создавање на одлично искуство. Им благодариме на сите наши лојални македонски корисници што го избраа WIZZ и очекуваме да дочекаме уште повеќе патници“, изјави раководителот на комуникации во „Виз ер“, Тамара Валоис.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема првоаприлска забава со „Светот на Биби“ во Веро центар

Редакција

(Фото) Втора донација од Витаминка за противпожарната единица во Прилеп

Редакција

Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Редакција