еМагазин
Image default
Македонија

Собите од хотелите „Ибис“ се подготвени веднаш да прифатат лица во изолација

Двата хотели „Ибис Скопје“ – „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“, кои „Аџибадем Систина“ и „Орка холдинг“ ги ставија на располагање по потреба на државата и на Министерството за здравство се комплетно опремени и подготвени веднаш да прифатат лица на кои им е определена изолација.

„На располагање се ставаат вкупно 214 кревети, од кои 51 во двокреветни соби, 101 во еднокреветна соба и 3 соби за луѓе со посебни потреби. Хотелите располагаат и со 6 фамилијарни соби.

Сите соби се опремени соодветно на потребите и барањата за згрижување граѓани за кои е утврдено дека треба да се во изолација, од аспект на медицинска опрема и средства за дезинфекција.

За лицата ќе биде обезбедена храна и стручен медицински персонал. Освен редовна контрола на пациентите, за итни случаи докторите на „Аџибадем Систина“ ќе стојат целосно на располагање и ќе доаѓаат на повик.

Доколку има лица кои ќе покажат симптоми на коронавирусот (Ковид-19), истите ќе се дислоцираат на посебен безбеден начин до локации кои Министерство за здравство ќе ги определи за третман на заболените,“ информираат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

Многу е просто, колку ќе трае кризата со корона вирусот зависи од НАС

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеник на српската СНС: Бегството на Груевски е најдоброто решение

Редакција

Скопското обвинителство поведе истражна постапка за „фалсификатори на евра” од Камерун

Редакција

(Фото) Негаторски цитат за македонскиот народ во бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов“, кој ги дискриминира и вознемирува Македонците

Редакција