Собранието денеска ќе ја одржи и 81-та пленарна седница, на која пратениците ќе расправаат за т.н. францускиот предлог, предложен од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.
Претходно на пратениците ќе им се обрати претседателката на Европската комисија, Фон дер Лајен во рамки на 80-тата пленарна седница, на која како што е најавено се поканети и претставници на дипломатскиот кор.
Точно напладне пред Собранието почнува и протестот против овој предлог.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот
(Видео) Гилотина за „францускиот предлог“ пред Собрание