еМагазин
Македонија

Собранието ќе формира Координативно тело за кампањата за референдумот

Собранието на Република Македонија ќе формира Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања.

Ова е еден од заклучоците донесени на денешната координативна средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи на која присуствуваа и потпретседателите на Собранието и претставник на Владата.

Со Координативното тело ќе раководи Џафери, а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Собранието ќе им даде можност, како што информираат, на сите пратеници кои се „за“, „против“ или за „бојкот“ на референдумот, пропорционално според изјаснувањето да бидат застапени и да можат да ги изразат своите ставови и аргументи пред јавноста.

Собранието исто така денеска со допис ќе се обрати до Владата од каде ќе побара средства за спроведување на јавната кампања за што ќе отвори посебна сметка.

И на денешната координација не присуствуваше претставник на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ.

Од кабинетот на Џафери посочуваат дека тој денеска ќе контактира со нив за постигнување можен договор за водење јавна пропаганда за референдумот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавени уште шест

Редакција

Убава вест: Оздравени 416 заболени од Ковид-19, во Скопје 175

Редакција

Убава вест: 454 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција