еМагазин
Image default
Македонија

Собранието ги разреши Тевдовски, Фазлиу и Лика

Собранието синоќа ги разреши од функцијата министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика.

Министрите беа разрешени со мнозинство гласови.

Освен нив, на почетокот на собраниската седница беа констатирани оставките на министрот за земјоделство, Љупчо Николовски, на министерот за култура, Асаф Адеми, на министерот за животна средина, Садула Дураку и на министерот без ресор, Зоран Шапуриќ.

Расправата за предложената реконструкција на Владата помина во остри реплики и контрареплики меѓу опозицијата и власта. Освен за политиките на Владата, пратенциите се конфронтираа и за капиталните инвестиции, за Договорот од Преспа и за евроинтегративните процеси на државата.

Опозицијата оцени дека станува збор за погрешни кадровски решенија, бидејќи се разрешуваат ефикасни министри, а остануваат министри во Владата кои не покажале резултати. Пратениците од опозицијата побараа оставка од Зоран Заев на премиерската функција, формирање на техничка влада и предвремени парламентарни избори во октомври.

Според пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, оние кои требало да бидат разрешени се вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, бидејќи тој не успеал да ги координира активностите за државата минатата година да добие датум за преговори со ЕУ, потоа министерот за образование, Арбер Адеми и министерот за животна средина, Садула Дураку, кој наместо да биде разрешен, е прераспределен на нова функција во новото Министерство за политички систем.

Седницата продолжува денеска, а на дневен ред е именувањето на новите министри.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оливер Андонов подолго издржа“: Твитер реакции по повлекувањето на предлогот Заев да биде и министер за финансии

Мемеди му се налути на Заев, најави оставка од функцијата потпретседател на Собранието и од пратеник

Владината реконструкција станува фијаско: „Метлата“ го зафати и Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 266 случаи на Ковид-19 од 4.572 тестирања

Редакција

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

Редакција

Убава вест: Оздравени 154 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 58

Редакција