еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И Јована си заминува со Тевдовски од Министерството за финансии

И Јована Аврамовска, позната на јавноста по тоа што беше дел од тимот на „Фчерашни новости“, а која по доаѓањето на министерската позиција во Министерството за финансии на Драган Тевдовски, го водеше неговиот ПР тим си заминува од министерството.

“Денеска Собранието ја гласа реконструкцијата на Владата, со која се разрешува според моето необјектвино, но верувам реално размислување најдобриот министер за финансии, Dragan Tevdovski.

Ми беше чест да бидам дел од тимот заедно со луѓе како Viktor MitevskiRilind KabashiNena Manchev Trajkovska и Branimir Jovanovic.

Она што го научив од нив и со нив не можат да го платат ниедни пари.

ПР тимот неуморно работеше за на јавноста да и ги доближи мерките на Министерството, кои и не се секогаш лесни за разбирање. Во времиња на подем на лажни вести, дезинформации, полу-информации, и сензационализам, овој тим успеа да остане доследен на точно и етично информирање.

Мислам дека поставивме нови стандарди на разбирање на финансиите и на фискална транспаретност и ќе се радувам на сите идни успеси на моите колешки и колеги.

Министерството за финансии има вработени кои работат посветено и професионално и среќна сум што сум била дел од најквалитетната државна институција.

Исто така денеска во Собраниска процедура влегува и последниот закон од Владината програма кој беше насочен директно кон граѓаните, а е во надлежност на Министерството за финансии. Повратот на 15% од платениот ДДВ, или „Мој данок, моја заштеда“.

Поздрав екипо, до следната прилика, тука или некаде!“, напиша таа на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Задоволен сум од работата на Тевдовски, но јас сакам да спроведем храбри чекори

Кои се тие функционери кои не ги фатила „метлата“, а местеле милионски тендери, за кои зборува поранешниот советник на Тевдовски, Јовановиќ?

Зеколи: Тевдовски навреме не разбра дека успешен министер кај нас мора да има свои гангстери, новинари, проститутки

Бранимир Јовановиќ застана зад Тевдовски: Мислев дека „метлата“ требаше да ги фати оние кои местеа милионски тендери

Фото: Фејсбук/Аврамовска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски со совет: Во недостиг на клексани, која храна помага против згрутчување на крвта

Редакција

Почна летното сметање на времето: Стрелките на часовникот се поместија за еден час понапред

Редакција

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација лани поденесени 248 претставки

Редакција