Претседателот на Парламентот, Талат Џафери се обратил до Државната изборна комисија (ДИК) да се изјаснат кој е оптималниот рок за распуштање на Парламентот за да се испочитуваат сите постапки и рокови за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.
Одговорот од ДИК, според Џафери, бил дека тоа треба да биде на 55 дена пред изборите што значи дека Парламентот би можел да се распушти најдоцна до 16 февруари.
Ова денеска го изјави претседателот на Собранието Џафери на заедничката прес-конференција со претседателот на словенечкиот Парламент, Дејан Жидан, посочувајќи исто така дека денеска како пратеник до Собранието доставил нова Предлог-одлука за распуштање на Парламентот.
-Нивниот одговор е оптималниот рок е 55 дена пред денот на гласање што значи денот на гласањето треба да биде 56-иот ден, рече Џафери.
МИА