еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Сочувајте ја свежината на храната во фрижидерот со советите од Рептил

Во последните 4 месеци, со едно пазарење во маркет, сите научивме брзо и едноставно да се обезбедиме со овошје, зеленчуци и продукти за целата недела. Некои ги усовршија вештините за брзо онлајн пазарење.

Однапред е испланирано и менито за секој од следните седум дена, збогатено со свежи производи и продукти богати со хранливи карактеристики што треба да помогнат да го зачуваме имунитетот.

Но, голем дел од оваа храна, има и краток рок на траење. И нормално, никој не сака да фрла храна затоа што се расипала.

Разговаравме со тимот за набавка на свежо овошје и зеленчук за Рептил маркетите, како и за нивната онлајн продавница marketonline.mk, при што ни открија неколку лесни трикови кои ги применуваат дома за зеленчукот и овошјето да ги сочуваат подолго време свежи и вкусни, дури и во овие топли месеци.

1. Кујнската крпа ги чува салатата и спанаќот свежи и крцкави

Крпата, односно хартијата ја апсорбира влагата и спречува на листовите да остане вода која вообичаено го забрзува процесот на расипување. Ставете неколку листови кујнска хартија во фиоката за салата или во кутијата со печурки или со тиквички. Платнената крпа е одлично решение, но избегнувајте бела боја, затоа што тешко се чисти ако се извалка и можеби попрактично е да користите салфетка од хартија (која по употребата може да ја фрлите).

2. Магдоносот чувајте го вода

Свежите зачински тревки, како магдоносот, босилекот или рузмаринот, ставете ги во повисока чаша или тегла во која има малку свежа вода. Одозгора ставете кесе кое ќе помогне да се зачува влажноста. Вака спакуван магдоносот може да го чувате во фрижидер, додека босилекот е подобро да го оставите на дневна температура во кујната.

3. Ананасот и мангото може да се замрзнат

Ако на акција има ананас или манго, слободно купете неколку парчиња повеќе отколку што може да изедете. Излупете го овошјето, исечете го на коцки, ставете го во пластична кутија и замрзнете го. На овој начин, овошјето може да трае до 6 месеци. Кога ќе го одмрзнете може да омекне, но вкусно е и освежува во колач со ананас.

4. Само зрелите домати чувајте ги во фрижидер

Доматите во продажба најчесто се полу-созреани, а како и секое овошје има најубав вкус ако се чува надвор од фрижидерот. Барем до целосно зреење. Вкусот на доматот вистински ќе го почувствувате кога е зрел. Оние кои нема да ги изедете веднаш, може да ги сместите во полицата за овошје и зеленчук во фрижидерот.

5. Завиткајте ги бананите во провидна фолија

Бананите кога ќе ги донесете дома, завиткајте ги во провидна фолија. Не ги делете и чувајте ги сите на едно купче. Вадете по една банана кога сакате, но ако ги чувате завиткани, се продолжува нивното траење за најмалку 3-5 дена. Ако се многу зрели, излупете ги, исечете ги и замрзнете ги. Замрзнатите банани може да ги користите за домашен сладолед без додатоци на шеќер, за смути или во колач со банана.

6. Младиот кромид чувајте го во вода

Ако зеленчукот има корен, ставете го во тегла или повисока чаша со вода во фрижидер. На овој начин може да чувате и аспарагус и целер.

7. Авокадото замрзнете го

Штета е да го купите авокадото и да не го изедете, но ако случајно се најдете во таква ситуација, може да го замрзнете. Авокадото може да стои во замрзнувачот до 6 месеци. За брзо одмрзнување, ставете го под топла вода и оставете го на плотната 30-тина минути. На здравје!

8. Чувајте ги лукот, кромидот, ѓумбирот и компирите на темно

Лукот, кромидот, ѓумбирот и компирите се чуваат во темна и сува полица за да се избегне ртење. Немој да ги миете по купување, туку пред користење. Може да ги ставите во хартиено кесе и потоа да ги чувате во фрижидер или во ладна полица.

9. Не го чувајте млекото во вратата од фрижидерот

Млекото и јогуртот најчесто ги чуваме во вратата од фрижидерот, но ако често го отвораме производите се загреваат и се создаваат услови да се расипат. Сместете ги на полиците во фрижидерот.

10. Зелените праски ставете ги во хартиено кесе да зреат

Ако сте купиле праски кои се уште треба да зреат, ставете ги во хартиено кесе и проверувајте ги најмалку еднаш на ден дали се подготвени за јадење. Во спротивно, може да се расипат и да почнат да гнијат.

11. За месото, рибата и живината – резервирајте го најладното ќоше во фрижидерот

За месото, рибата и живината ги сакате најстудените места во вашиот фрижидер, односно најдобро да се сместат во фиоката која е означена за таа намена. До готвење, трудете се да го чувате во оригиналната амбалажа во која сте го купиле, затоа што со повторно завиткување се зголемува ризикот од изложување на храната на штетни бактерии. Ако не планирате да го користите истиот ден кога сте ги купиле, замрзнете го до користење.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Кочински ги објаснува заедничките симптоми на грип и Ковид-19

Редакција

Одбиена да прима парична помош за нега: Јана Арсовска за една година поминала две трансплантации на матични клетки и опасни хемотерапии

Редакција

(Галерија) Ќе слушнеме ли блага вест: Како изгледа заедничката литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Редакција