еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Софија и Скопје нема заеднички да ја одбележат 120-годишнината од смртта на Делчев на 4 мај

Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120-годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.

На прес-конференција во Софија, како што пренесуваат бугарските медиуми, Милков рече дека не е постигнат договор со Македонија за заедничко одбележување на смртта на Делчев на 4 мај, иако имало такви договори и практики во претходните години.

– Ќе организираме прослави во Бугарија во градот Гоце Делчев со учество на највисоко ниво. На овие прослави добредојдени се и претставници на Северна Македонија, истакна Милков.

Тој предупреди дека оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше 151 година од неговото раѓање.

Шефот на бугарската дипломатија вели и дека засега не гледа чекори од Скопје во насока на спроведување на т.н. француски предлог. Смета дека е многу е важно како ќе бидат направени измените на Уставот на Македонија за вклучување на Бугарите.

– Нашиот обид да кажеме дека тоа треба да се направи на начин на кој ќе се земат предвид сите права на македонските Бугари, беше пречекан со нож. Бевме обвинети за мешање во внатрешните работи, рече Милков.

Според него, секој обид за внесување оптимизам во билатералните односи засега останува без покритие.

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Израел се испитуваат случаи на воспаление на срцев мускул, после примена вакцина „Фајзер“

Редакција

Mакедонските атлетичари Ивановски, Стојоски, Трајковски и Поп Арсова со импресивни резултати на европски и балкански натпревари

Редакција

Вкупно 3.424: Од Ковид-19 починаа 21 лице

Редакција