еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Согласно препораките од ЕУ: Грција останува затворена за македонските граѓани

Македонија не е на листата држави за кои Грција од утре ќе дозволи влез, со оглед на тоа дека официјална Атина ја следи препораката на ЕУ и одлуката на европско ниво за листата со трети земји.

„Грција, следејќи ја европската препорака, ја проширува можноста за влез во земјата и за постојаните државјани на следните трети земји (листата ќе се ажурира на 15 дена): Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Руанда, Србија, Уругвај, Тајланд, Тунис, Кина (ќе се разгледа врз основа на взаемност)“, соопшти попладнево портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас.

Во однос на копнените граници, на граничните премини со Македонија, Албанија и Турција дозволени се преминувања само за есенцијални причини, односно за членови на семејства на европски државјани, вработени во здравствениот сектор, лица кои се грижат за стари лица, сезонските работници во земјоделскиот сектор, вработените во транспортот, дипломати, меѓународен воен персонал, хуманитарни работници кои се на должност, транзит патници, патници кои патуваат од неопходни семејни причини, студенти.

На границата со Бугарија, туристите ќе можат да влегуваат во Грција само преку граничниот премин Промахонас, како што беше и досега.

Освен за копнените граници, листата со трети земји важи и за меѓународните летови на аеродромите во цела Грција, односно и за авионскиот транспорт, продолжува да важи забраната за македонските државјани.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одлуката падна: Нема патување во ЕУ за македонските граѓани

Грција ќе го чека каталогот на ЕУ за влез на патници од трети земји

Тешка дебата во ЕУ: Утре ќе се знае дали Грција ќе дозволи влез за македонски граѓани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пендаровски и сопругата со децата и младите од „Доза среќа“ ја украсија новогодишната елка во неговата канцеларија

Редакција

„Тетра“ го доби тендерот на ЕСМ за реконструкција во РЕК Битола вреден 218.000 евра

Редакција

Официјално почна со работа канадската компанија „Магна Мирорс“, за 10 години предвидени над 1.300 вработувања и инвестиција од 39 милиони евра

Редакција