еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Времето денеска сончево и многу топло, со температури до 41 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност во западниот планински регион и на крајниот исток. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 41 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максмалната температура ќе достигне до 39 степени.

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуват дека до среда подрачјето на нашата земја и понатаму ќе биде под влијание на топол бран со високи утрински и дневни температури.

На целата територија ќе остане активно портокаловото ниво на опасност од високи температури.

Утре попладне и кон крајот на денот ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со засилен до силен ветер, краткотраен пороен дожд и грмежи.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По растот на инфлацијата, ќе има ли зголемување на каматните стапки на кредитите кои се веќе дадени?

Редакција

Се јави Трамп: Го осуди повторно насилството во Капитол, но не кажа ниту збор за импичментот

Редакција

„Вработените во Владата и Собранието кои не „пљачкаат“ секој ден остануваат на работа“: Твитер за отказот на хигиеничарот кој фрлаше ѓубре во Вардар

Редакција