еМагазин
Бизнис

Се укина возот од Скопје до Солун

Во однос на укинување на возот Белград – Солун, со став излезе и Министерството за транспорт и врски.

„Во изминатиот период, Владата преку Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје, во неколку наврати иницираа средби со релевантните владини институции и железнички компании од Република Србија и Грција, на кои средби се бараа алтернативни решенија за да не дојде до укинување на железничката линија Белград-Солун.

На сите тие средби, од страна на српските и грчките железници беше потенцирано дека единствена причина за укинување на оваа линија е непостоење на  економска исплатливост за нејзино оддржување.

Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје ниту имаат можност, ниту надлежност да влијаат врз деловната политика на националните железнички компании во Република Србија и Грција..

Од тие причини, Министерството за транспорт и врски и МЖ Транспорт -АД Скопје остануваат посветени и во наредниот период на изнаоѓање на решение се со цел да се овозможи меѓународен железнички сообраќај.“, се вели во соопштението на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе нема воз од Скопје до Солун

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доне Таневски продаде 25.669 акции во Македонијатурист, купија Скопски пазар и Промедика

Редакција

Бугарскиот газда на галијата која се отстранува најави тужба за Град Скопје

Редакција

Продаден блок акции од Стопанска банка Битола за 781.000 евра

Редакција