еМагазин
Image default
Македонија

Сообраќајните полицајци во Скопје и Тетово ќе носат камери на телото

Преку инсталирање камери на опремата на самите полициски службеници, Министерството за внатрешни работи ќе ги улови неправилностите во сообраќајот и истовремено ќе го минимизира влијанито на човечкиот фактор.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека само тогаш кога нема влијание на човечкиот фактор тогаш имаме најдобри резултати, нема селективност и имаме добра транспарентност.

– Јавноста веќе е информирана дека собраќајната полиција во Скопје и во Тетово веќе ќе започне со користење на боди камери (камери на тело) на секој еден полицаец и на тој начин да имаме еден поинаков пристап и на граѓаните и на полицајците.

Ваков пилот проект имавме во автопатската полиција. Таму веќе немаме ниту една поплака од кој било граѓанин, ниту пак од полицаец заради тоа што преку камерите, преку снимањето на сето тоа што се случува за време на контролата имаме целосен увид во состојбите и тоа е добро и за полициските службеници и е добро за граѓаните, изјави Спасовски, нагласувајќи дека овој проект се очекува да се интезивира во наредниот период.

Тој најави дека измените за Законот за безбедност на собраќајот моментно се во собраниска процедура.

– Сите законски промените што ќе треба да се направат ќе се направат се со цел да се овозможи да имаме функционална употреба на камерите и тој систем даде резултати во пракса. Секое законско решение што пред се значи заштита на личните податоци ќе биде испочитувано до максимум. Тоа ќе биде вклопено во целиот тој систем. На основа на тоа ќе биде и инсталирањето, рече Спасовски.

Воедно тој додаде дека крајна цел на МВР е да имаме функционален систем и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на новозаразени од корона вирусот во Дебар

Редакција

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина”

Редакција

Петмина од Чаир, двајца од Сарај и Аеродром: Од кои скопските општини се 22 нови случаи на заразени со Ковид-19

Редакција