Сопружници направиле штета на инвентар и си нанеле повреди, откако се степале во викендичка која ja изнајмиле.
Според СВР Тетово, вчера било пријавено дека во викендица во Маврово, во која престојувале, двајца сопружници од Скопје на возраст од 25 и 34 години ја оштетиле внатрешноста на објектот. По увидот било утврдено дека тие претходно меѓусебно физички се пресметувале и си нанеле повеќе телесни повреди.
Двете лица се лишени од слобода и задржани се во Полициското одделение Маврово за расчистување и документирање на случајот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.