Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за телевизија Телма изјави дека сопственикот на Беса транс бил и како втор возач на вториот од четирите автобуси.
„Кажа дека овој автобус возел позади нив. Значи тие веќе биле стигнати на граничниот премин во Бугарија, по излегување од Турција, а овие биле еден или два автобуси позади нив.
Тогаш ми кажа дека тој и сопругата биле во тој вториот автобус, додека пак во четвртиот биле неговите деца“, истакна Русковска.
Според неа, сопственикот бил видно вознемирен и потресен.
„Го прашав дали носеле резервни канти со гориво, вика нема шанси тоа да се случило“, вели Русковска, која додава и дека го прашала за патниците дали е можно тие да носеле нешто, но сопственикот бил дециден дека не се случило тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На Фејсбук се огласи сопственикот на “Беса транс“: Овие тестови се од Алах
Фото: Фејсбук/Беса