еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Сопственикот на „Зара“ ќе затвори околу 1.200 продавници ширум светот, а продажбата на гардеробата ќе се обиде да ја засили преку Интернет, додека се случува хаосот што го предизвика корона вирусот, пишува „Гардијан“.

Компанијата „Индитекс“ која е сопственик на брендовите „Зара“, „Бершка“, „Пол енд бер“ и „Масимо Дути“, соопшти дека затворени ќе бидат меѓу 1.000 и 1.200 помали продавници, главно во Азија и во Европа.

Инаку, „Индитекс“ е еден од најголемите светски трговци на мало со облека, а за време на пандемијата беше погоден со 44 отсто намалена продажба. Компанијата објави 409 милиони евра нето-загуба во првиот квартал. Една четвртина од продавниците останаа затворени до 8 јуни.

Сепак, растот на продажбите преку Интернет придонесе за подобрување на слабостите во продажбата преку продавниците. Онлајн продажбата се зголеми за 50 проценти во првиот квартал.

Брендовите на „Индитекс“ ги има и во Сити мол, а дали и тие ќе бидат опфатени со затворањето, останува да видиме.

Фото: „Зара“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На три групи насловени како „Јавна соба“ повторно се споделуваат експлицитни фотографии од девојки и момчиња

Редакција

Ни срам, ни извинување од Џафери

Редакција

По долга борба со ракот, почина Шенон Доерти, ѕвездата од серијата Беверли Хилс 90210

Редакција