Во година во која особено ни е потребна визија за економски раст, Самитот Македонија2025 се обиде на едно место да ја собере бизнис елитата од земјава и од светот, за да се видат можностите за развој на нашата мала економија во контекст на глобалните случувања.
Во завршниот панел на самитот, учествуваше Душко Чифлиганец, заменик претседател на Адора Бизнис Групацијата, истакнувајќи неколку интересни перспективи околу соработката меѓу локалните институции и приватниор сектор, како и директните странски инвестиции.
„Имаме голем потенцијал, кој многу малку е искористен. Не треба да одиме подалеку, можеме да ги следиме примерите од соседството каде што соработката меѓу приватниот сектор и државните институции се одвива на високо ниво. Економскиот развој и просперитет треба заедно, рака под рака да го водат приватниот сектор и локалните институции.
Општините и државата треба да инвестираат во инфрастуктура и корисни содржини, што на пример ќе создадат интерес за недвижности кај луѓето и туристите, приватниот сектор ќе го задоволи тој интерес со нови проекти и секако ќе плати соодветни даноци за тие бизниси назад кон државата, овозможувајќи нов циклус на државни вложувања.
Златибор во Србија е одличен пример за оваа синергија. Општината ја изгради најдолгата жичарница во светот, а инвеститорите продадоа голема број недвижности хранејќи ја општинската каса преку даноците,” истакна Чифлиганец.
Да потсетиме, Адора го гради маркантниот хотелско-резиденцијален објект „21st Century Zlatibor by Adora”, инвестиција вредна 20 милиони евра во двете насоки.
Чифлиганец беше запрашан за можната поврзаност помеѓу директните странски инвестиции и инфлацијата, на што одговори дека: „Македонија има голем потенцијал во делот на странските инвестиции, но она што е важно дека тие треба да донесат нова додадена вредност, која ќе остане тука во државата.“
Запрашан колку се значајни странските инвестиции за Македонија и дали тие се фактор за раст на инфлацијата, Чифлиганец истакна дека инфлацијата е комплексен макроекономки проблем во моментов на глобално ниво, за што тој смета дека никако не може да се лоцира причината кај странските инвеститори.
Тој посочи дека можеби треба да се размисли за преработка и промена на моделот во привлекувањето на странските инвеститори, да се најде нов пософистициран начин кој ќе ги поттикне инвеститорите, новите додадени вредности кои ги создаваат во државата, тука и да останат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ