еМагазин
Image default
Бизнис

„Современ дом“ ја зголеми добивката за 28% и покрај потешкотиите од кризата од Ковид-19

Групата „Современ дом“ АД Прилеп во периодот од 01.01 до 30.06.2020 година оствари вкупни приходи од 90.208.000 денари кои се помали за околу 28% во однос на истиот период во 2019 година, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во овој период остварен е позитивен финански резултат во износ од 16.629.000 денари и споредбено со истиот период од минатата година зголемен е за 28%.

Групата „Современ дом“ АД Прилеп и во 2020 година планира да го задржи трендот на остварување на позитивен финансиски резултат со целосна определба на зголемување на обемот на работата.

Недвижниот имот што Групата „Современ дом“ АД Прилеп го дава под оперативен наем го користат компании кои се погодени од здравствената и економската криза и се очекува извесно намалување на приходите и посебно потешкотии во наплатата на побарувањата во последниот квартал од оваа година.

Но и покрај тоа со оглед на сите мерки кои се превземени од страна на менаџментот, ликвидноста на компанијата не е загрозена“, информираат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За постапката за надзорот за автопатите одговараат институции што ја спровеле, вели премиерот

Редакција

ЈП за државни патишта вработува 84 инкасанти на патарина, плата до 19.760 денари

Редакција

Во јули зголем бројот на туристи, особено на странските

Редакција