еМагазин
Локално

ЈСП: Возилата на јавниот превоз по неделен возен ред за празниците

По повод претстојните велигденски празници, в петок, 26 април, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160, 180, што ќе возат по делничен возен ред. Во сабота 27 април, недела 28 април, и понеделник 29 април, автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопшти ЈСП.

Автобусите по неделен возен ред ќе сообраќаат и во среда на 1 Мај-Меѓународниот ден на трудот. Жичарницата на Водно ќе работи вообичаено сите празнични денови од 10 до 18 часот, а автобусите што сообраќаат до Средно Водно 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник, 29 април, ќе возат по неделен возен ред.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали за напададот на сопственикот на ресторан во скопски „Беверли Хилс“

Редакција

На скопјанец му го застрелале кучето со воздушна пушка

Редакција

(Галерија) Расцветаа јапонските цреши во Скопје

Редакција