еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски: Ќе се открие кој ја нарачал опремата за прислушување и кој ја користел

Има сериозна истрага во сите институции и до детали ќе се провери која била намената на оваа инсталација од минатото, дали и кој ги слушал разговорите во правосудството, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција во однос на скандалот со снимањето во Јавното обвинителство.

Посочи дека опремата била инсталирана во 2013 година и оти информацијата ја добиле пролетта преку свои внатрешни извори, по што веднаш ги информирале Јавниот обвинител и претседателот на Основниот суд Скопје 1.

– Ќе се открие кој ја нарачал опремата, кој ја купил, кој ја инсталирал и кој ја користел и секој кој што ги пречекорил овластувањата ќе одговара пред правдата. И ова ќе важи за секоја институција. Следува темелна проверка во секоја од институциите. Времето на снимање и прислушување заврши. Остатоците од режимот на Груевски ќе бидат отстранети од сите пори на институциите. За овој скандал ќе има одговорност, потенцираше Спасовски.

Спасовски побара раководството на ВМРО-ДПМНЕ да одговори за нивните дејствија во времето кога оваа опрема била инсталирана.

– Мицкоски треба да одговори за неговата улога во власта кога бил генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Штетата што ја направи криминалното ВМРО-ДПМНЕ остави силни последици кои не можат да се отстранат преку ноќ. Свесни сме за грижата и критиката на граѓаните дека од режимот на Груевски сеуште има остатоци низ општеството и институциите. Ве уверувам, силно сме посветени на деинсталирање на груевизмот. Ние досега имавме само година и пол за справување со оваа децениска катастрофа која и се случи на Македонија. Секој нов откриен случај од криминалното владеење на режимот ни дава дополнителен мотив да продолжиме уште посилно во борбата против корупцијата и во борбата за владеење на правото, рече Спасовски.

Прашан зошто две години, колку што е на функцијата, МВР не ги провериле институциите, Спасовски рече дека ЈОРМ и Судството се независна власт и тие немаат можност тоа да го прават самостојно, но веднаш по добивањето на сознанијата за можни злоупотреби беа информирани и веќе е отворена постапка во која се прибираат докази.

МИА/Фото: Фејсбук-профил на Оливер Спасовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прислушувањето во Обвинителство се вршело од 2013: Се проверува и дали снимените разговори биле избришани или пренесени на друг уред

Мицкоски на Фејсбук: Одговорноста за прислушувањето во Обвинителството е на Зоран Заев

Афера прислушување на Обвинителството и Основен суд Скопје 1: Кој не бил прислушуван?

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои судски предмети застаруваат со измените на Кривичниот законик

Редакција

(Видео) Заев побара проверка на имотот на судиите и обвинителите, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека го урнал правниот систем

Редакција

Алијансата за Албанците и Алтернатива официјално во коалиција под слоганот „Државата за сите”

Редакција