еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Аферата со прислушувањето на обвинителите отвара дилеми: Кој стои зад „Големото уво“?

Не стивнуваат реакциите од партиите, но и воопшто од јавноста по обелоденувањето на информацијата дека цели две години биле прислушувани телефоните во Јавното обвинителство. Кој прислушувал? Зошто новата власт навремено не ја открила новата појава? Дали одредени структури од минатата власт се уште имаат моќ и техника да прислушуваат?

Ова се само дел од прашањата кои се поставуваат во јавноста. Новата афера повторно ги скара и партиите од власта и опозицијата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска побара оставка од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за скандалот со прислушувањето на Јавното обвинителство, кое, како што рече, почнало некаде во септември 2016 година кога тој бил технички министер за внатрешни работи.

„Денеска јавноста во Република Македонија е сведок на повторно едно скандалозно однесување на луѓе или структури блиски до СДСМ. Станува збора за едно скандалозно однесување на МВР, некаде таму на почетокот на септември месеци во 2016 година. Ќе повторам тогаш технички министер е господинот Оливер Спасовски па се до ден денешен.

Исто така ја прочитав онаа помалку смешна изјава од страна на владиниот портпарол каде што повторно некој друг му е виновен, а не ја бара вината во сопствените редови.

Однесувањето на СДСМ изминатите година и половина ни е јасно, кога немаат факти и аргументи кога не знаат како да ги решаваат проблемите тогаш секогаш се навраќаат назад во минатото и бараат виновник во некој кој претходно бил.

Но, за жал овдека виновникот треба да го бараат во сопствените редови, бидејќи како што прочитав првите разговори се снимени некаде на почетокот на септември месец, а снимањето траело до ден денешен, а министер за внатрешни работи во министерството за внатрешни работи е господинот Оливер Спасовски“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека најмалку што може да направи Оливер Спасовски по серијата катастрофални грешки во овие година и половина во серијата неразјаснети криминални активности во Република Македонија е да си поднесе веднаш неотповиклива оставк

На ова реагираа од СДСМ со реплика дека антинaродното ВМРО-ДПМНЕ е симбол за системско погазување на човековите права и слободи.

„Граѓаните, целата домашна и меѓународна јавност многу добро знае кој со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани: режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Очигледно е, случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство е остаток од минатото и минатите владејачки недемократски структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Нелегалното прислушување и системското прекршување на правата и слободите на граѓаните беше нивна одлика.

Од таквите криминални и антинародни политики, Христијан Мицкоски никогаш ниту се огради, ниту се извини, ниту пак некогаш ги осуди. Напротив, тој прави се за да го одбрани Никола Груевски и неговиот криминал.

СДСМ очекува од сите надлежни институции до крај да го расчистат овој случај. Убедени сме, виновниците за нелегалното прислушување ќе бидат пронајдени и соодветно санкциониран“, соопшти СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Твитер „полуде“ за прислушувањето на обвинителите: „Се кладам дека биле СЈО“

Владата за прислушувањето на телефоните во Обвинителство: Ваквите појави се рецидив од минатото

Во Македонија во моментов нема незаконско прислушување, тврди директорот на ОТА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турција „не ја затвора вратата“ за влез на Финска и Шведска во НАТО, сака преговори со нив за “сузбивање на терористичките активности“

Редакција

Oд утре леб ќе може да се купи и за 32 денари, поевтини млечни производи по Нова година

Редакција

Груевски поднел барање за азил во Унгарија од трета земја

Редакција