Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за ТВ 24 изјави дека не е точно дека украинскиот бизнисмен Олександр Онишченко бил баран со потерница, додека македонските институции, од кои добил четири позитивни мислења за издавање државјанство, одлучувале за тоа прашање.
Тој вели и дека од тоа што Онишченко е под санкции од САД, не може да се извлече заклучок дека станува збор за криминалец.
„Во јавноста беа лиферувани лажни информации дека Онишченко е криминалец, дека се бара со потерница, тоа не е точно. Тој е под санкции на САД, но не може да влечеме други заклучоци поради тоа“ рече Спасовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.