еМагазин
Image default
Локално

Спасовски за „играта со ножеви“ во Марино: Извршителите ќе одговараат

Осудувам какво било насилство што се случува каде било и од каде било и секој мора да одговара за она што го има направено. Лицата за тој настан се приведени. По насока на јавниот обвинител се пуштени, меѓутоа не се пуштени заради никаква друга причина, туку за утврдување на одредени факти што ќе треба да ги утврди обвинителот и до крај да се заврши со поднесување на кривична пријава.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на трибината во Куманово во врска со настанот што се случи во саботата вечерта во дискотека во село Марино, општина Илинден кога со нож било прободено момче.

„Нема кој да влијае на истрагата. Значи може да биде вработен во МВР, може да биде вработен во било која друга институција, меѓутоа тоа не го ослободува за злоделата што ги имаат направено. Секој ќе одговара за она што го има направено и секој ќе одговара заради тоа што правдата е најважна за сите“, вели министерот Спасовски.

МИА/Фото: МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на прободениот полицаец во Марино ги повика сведоците да не ги кријат извршителите

Му удриле нож по расправија во кафана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

40-годишен маж и 64-годишна жена загинаа во сообраќајката кај Штип: Детали од МВР

Редакција

Десетина коњи и мазги заклани во скопската Зоолошка, директорот разрешен

Редакција

Убиецот од Стајковци прво со метална шипка ја убил снаата, а потоа братот

Редакција