еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Според СЗО не е потребна трета доза вакцина

Сегашните податоци не покажуваат дека има потреба од трета доза на вакцина против коронавирусот, изјави денеска водечкиот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сомја Саминатан.

Говорејќи за третата или таканаречена „засилувачка“ доза, која се дава во богатите земји, советникот на СЗО, Брус Ајлворд, на истата прес-конференција во Женева истакна дека има доволно вакцини во светот, но дека тие не се рамномерно распределени.

Тој нагласи дека прво треба да се дадат две дози на најранливите групи низ светот, а дури потоа трета доза на оние кои веќе се вакцинирани со две.

– Но, ние сме уште далеку од тоа, рече Алворд.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонијатурист ќе дели дивиденда од 200 денари бруто по акција

Редакција

(ВИДЕО) Потресни снимки од болница во Бергамо, укажуваат колку сериозно треба да се сфати кризата со коронавирусот

Редакција

Од Ковид-19 починале 12 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција