Србија побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор.
Според српски официјални лица, очигледно постојат несогласувања во грчките институции.
– Српските туристи не можа да влезат во Грција, а српската Амбасада побара објаснување за таа одлука, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.
– Дали таа одлука важи и за државјаните на Србија, бидејќи пред само два дена, министерот за надворешни работи на Грција му вети на Ивица Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни, кажа Љајиќ и додаде дека колони чекаа на влезот во Грција.
Тој исто така изјави дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото му го ветил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега Србија чека одговор и појаснување.
-Што се случи, буквално за два дена, да се донесе една ваква одлука, кажа Љајиќ.
Од српската царинска управа велат дека патниците на граничниот премин Прешево, на границата со Северна Македонија, се враќаат во Србија и дека станува збор за индивидуални поаѓања, што не се организирани од туристичките агенции.
Од Бугарија во Грција можат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете држави се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.
МИА/фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ГП „Богородица“ пуштен за транзит на странци, ги враќаат од грчка страна
Грција денеска ги отвори границите за Србија и Бугарија, не и за Македонија