еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Србија ќе извезе две илјади тони масло во Македонија

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска.

Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Како што рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања по доделувањето на договорите за набавка на педигриран добиток, храна, брашно и зејтин има, нема потреба од паника и складирање резерви во домаќинствата.

-Процесот е почнат, околу 2.000 тони се веќе одобрени, продолжуваме со комуникацијата со Србија и регионот во рамки на „Отвроен Балкан“. Храна, брашно и масло има доволно, направен е увид во залихите.

Граѓаните да не паничат, но и информациите да се пренесуваат јасно, транспарентно и вистинито. Фактот што се набавуваат два или три пати повеќе зејтин, говори дека домаќинствата непотребно складираат, рече Ниоловски.

Се прават сите напори, нагласи министерот уште еднаш, за обебзедање доволно суровини и производи стратешки за државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Празни рафтови: Граѓани купуваат огромни залихи на масло за јадење

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсовска го разреши директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Мартин Ангеловски

Редакција

Малолетничка при обид да избега од Клиниката за психијатрија, паднала од височина и се здобила со тешки телесни повреди

Редакција

Лани, цените на сите енергенси го достигнаа историскиот пик, вели Бислимоски

Редакција