Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Рудникот САСА од Македонска Каменица, предводена од генералниот директор Олег Телној.
Покрај менаџментот на компанијата, на средбата беше присутен и Звонко Стоименовски, најдобар рудар за 2020 година во Рудникот САСА.
На средбата претседателот Пендаровски му упати честитки на Звонко Стоименовски за признанието Најдобар рудар за 2020 година, оценувајќи дека во рударството, како една од најтешките професии, клучна алка за успех, покрај технологијата, е трудот и храброста на рударите.
Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупниот труд на рударите и резултатите што ги постигнуваат, како влог во македонската економија.
На средбата менаџментот на Рудникот САСА го запозна претседателот Пендаровски со тековната работа на компанијата, во услови на пандемија, планираните инвестициски активности, како и вложувањата во заедницата.
Според менаџментот на компанијата, и покрај сите предизвици што ги наметна актуелната пандемија, рудникот САСА продолжи безбедно да произведува олово и цинк, во согласност со плановите за производство, притоа задржувајќи го фокусот на инвестициите во современа технологија, во безбедноста и благосостојба на вработените и заштитата на животната средина.
Претседателот Пендаровски оддаде признание за постигнатите резултати на компанијата и им посака успех во понатамошната работа.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА