Српскиот стилист и диџеј Срѓан Швељо е уапсен под сомнение дека сексуално вознемирувал и злоупотребувал малолетни лица, пишува српски „Блиц“.
Стилистот е уапсен откако малолетните жртви го пријавиле во полиција за злоупотреба.
„Момчињата во полиција раскажале дека кај Швељо доаѓале како модели. Тој ги соблекувал, облекувал и ги фотографирал“, изјави за „Блиц“ извор од истрагата.
Неодамна, Игор Јуриќ, таткото на Тијана Јуриќ која беше киднапирана и убиена пред неколку години основа фондација со нејзиното име, обелодени дека влијателни луѓе од повеќе градови злоупотребувале деца.
Фото: Фејсбук-профил на Швељо
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.