еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Стапува во сила ново примирје во Нагорно-Карабах

Во заедничкото соопштение на Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан се наведува дека од денеска стапува во сила хуманитарно примирје во судирот помеѓу Ереван и Баку за Нагорно-Карабах.

Соопштението уследи по состанокот во петокот помеѓу американскиот државен секретар Мајк Помпео и министрите за надворешни работи на Ерменија и на Азербејџан.

Во меѓувреме, Минск групата ОБСЕ наведе дека шефоовите на дипломатијата на Ерменија и на Азербејџан ќе имаат повторна средба на 29 октомври.

– Во текот на интензивните разговори, копретседателите и министрите за надворешни работи разгледуваа спроведување на итен хуманитарен прекин на огнот, посебен начин на контрола на прекин на огнот и клучните елементи на се опфатно решение, се наведува во соопштението од Минск групата.

Претходните две примирја, постигнати со посредство на Русија не успеаја, а двете страни меѓусебно се обвинуваа за нивното прекршување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Премиерот Заев и амбасадорот Џес Бејли први пробаа храна од KFC

Редакција

„Моментално нај тражени органи се муда„: Твитер „експлодира“ за наводните трговци со органи во Скопје

Редакција

Чешко-словачката црква ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА под името „Православна црква на Северна Македонија“

Редакција