еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Стејт департментот за отварањето на клубот “Ванчо Михајлов“ во Битола: САД даваат силна поддршка за влез на Македонија во ЕУ

САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјавија од Стејт департментот откако бугарска делегација предводена од премиерот Кирил Петков во Битола присуствуваше на отворањето на културен клуб со името на соработник на фашистичкиот режим Ванчо Михајлов.

Изјавата беше даден по прашање од МИА како САД реагираат на постапката на бугарската делагација предоводена од Петков на отварањето на културен центар именуван по контраверзна личност која соработувала со нацистичка Германија од времето на Втората светска војна, што не е во прилог на решавањето на тековните проблеми меѓу Македонија и Бугарија.  

– САД јасно ставија до знаење дека даваат силна поддршка за влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави портпарол на Стејт департментот.

Слично изјави вчера и Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник на САД за Западен Балкан.

Во телефонски разговор со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, Ескобар ја истакна потребата за што поскоро надминување на разликите меѓу двете земји и старт на преговорите со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Негаторски цитат за Македонците виси на ѕидот во културниот центар “Ванчо Михајлов“

Европска Комисија без осуда, вели дека е „свесна“ оти Ванчо Михајлов е контроверзен лик за Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е Цар Фердинанд по кој е именуван третиот бугарски клуб

Редакција

„Магнамехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра во ТИРЗ Штип и ќе отвори 600 работни места

Редакција

Главоболки за ДИК: 1ТВ бара исплата на штета од 100.000 евра за необјавен ценовник

Редакција