еМагазин
Image default
Бизнис

Стопанска банка Битола оствари добивка од 560.000 евра

Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година, односно нето-добивка во износ од 34,43 милиони денари (560.000 евра), соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Добивката од работењето пред данок и исправка на вредност на финансиските и нефинансиските средства изнесува 136,11 милиони денари за разлика од минатата година, кога оваа добивка изнесуваше 79,86 милиони денари, што укажува на значително подобрување на способноста за генерирање приходи од редовното работење“, соопшти банката.

Оттаму додаваат дека тековното остварување главно е резултат на повисоки нето-приходи од камати и провизии, како и ефикасно управување и контрола на трошоците, што придонесе за неутрализација на ефектот од зголемената исправка на вредност и загуба за оштетување.

Нето-приходите од камати се повисоки за 9,97%, односно 31,51 милиони денари во однос на остварувањето од минатата година. На страната на приходите од камати остварен e годишен раст од 3,05%, главно генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa со цел дисперзија на ризик и проширување на клиентската база.

„Следејќи ги движењата на пазарот од аспект на каматни стапки, расходите за камати бележат годишно намалување од 12,10%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 107,68%. Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 11,94 милиони денари, што претставува годишен раст од 12,08%, при што приходите од провизии се зголемени за 8,41%, одразувајќи го растот на провизиите главно во делот на платен промет, додека на страната на расходите е евидентирано зголемување од 0,51%. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 102,34%“, соопшти банката.

Нето-курсните разлики бележат намалување од 4,85%, односно 1,12 милиони денари споредено со минатата година, додека планот е остварен со 84,76%. Останатите приходи од дејноста се пониски за 9,74 милиони денари споредено со претходната година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли крај: Рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид, продолжен до крајот на 2026

Редакција

Инспекторатот за употреба на јазиците вработува седум лица, плата до 32.868 денари

Редакција

Аргир: Станбените кредити продолжија со супер динамика, кога ќе се земе предвид дека работиме во невидена криза

Редакција