еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 46,2%

Во текот на првото полугодие од 2018 година Стопанска банка АД Скопје оствари финансиски резултат во износ од 1.913.686 илјади денари, што преставува зголемување за 46,2% повеќе споредено со истиот период од 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза.

“Зголемениот резултат се должи пред се на успешното редовно работење и управување со активата и пасивата на Банката, спроведување на целите зацртани со деловната политика, контрола на оперативните трошоци и ефикасно управување со сите битни сегменти.

Нето приходите од камати изнесуваат 1.901.027 илјади денари, односно се зголемени 4% во однос на истите во споредба со анализираниот период, при што приходите од камати забележаа зголемување од 1,5%, додека расходите од камата забележаа намалување од 10,3%.

Нето приходите од провизии и надомести изнесуваат 498.224 илјади денари и се повисоки за 4,4% од истите во 2017 година како резултат на нето провизиите од услугите во сферата на платниот промет, кредитните и картичните производи.

Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 60.766 илјади денари и се намалени за 7,3% во однос на претходно анализираниот период.

Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 7,5%, додека останатите расходи од дејноста забележаа намалување за 8,1%.

Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 413.527 илјади денари.

Во првото полугодие СБ покажа ослободување на исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 46.730 илјади денари, пред се како резултат на успешното разрешување на статусот на еден голем корпоративен клиент.

Како резултат на подажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања СБ покажа приходи во износ од 122.722 илјади во позицијата загуба поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.

Вкупната актива на СБ изнесува 88.669.574 илјади денари, која е повисока споредено со крајот на 2017 година за 2,7%. Зголемувањето на активата е резултат на зголемување на вложувањата во хартии од вредност, која позиција за првото полугодие од 2018 изнесува 6.932.618 илјади денари,и е повисока за 11,3% и на кредитите на и побарувањата од други комитенти кои изнесуваат 61.563.612 илјади денари, и се повисоки за 1,5%, споредено со крајот на 2017 година.

Паричните средства и паричните еквиваленти забележаа зголемување за 3,6% како резултат на зголемената ликвидност која произлегува од поголемото зголемување на депозитите во споредба со кредитите. Имено, во истиот период позицијата депозити на други комитенти забележа пораст од 3,4%.

Капиталот и резервите изнесуваат 13.369.530 илјади денари и е понизок за 1,9% во однос крајот на 2017 година, пред се како резултат на континуираното исплатување на дивиденда во последните години“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Штафета, слетови, Лепа Брена: Како се славеше 25. мај, Денот на младоста

Редакција

Милошоски тврди дека Ковачевски за 7 дена во Њујорк потрошил 20 илјади долари, а се сретнал само со министер на Азербејџан

Редакција

Преку одржливо и органско производство на грозје и вино до зајакната позиција на македонската винска индустрија

Редакција